По денешната средба меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство, пратеникот Антонио Милошоски, рече дека посакуваат министерката за правда, Рената Дескоска, да си ја задржи функцијата.



„Ѝ честитавме на министерката за правда тоа што станала претседател на советодавното тело за реформи во правосудството и посакуваме да не биде разрешена во следниот период во реконструкцијата што ја најави премиерот Зоран Заев“ – рече Милошоски одговарајќи на новинарски прашања.