Милосављевиќ за Захариева: Да стиснеме заби и да прифатиме „генг-бенг“

Новинарот на ТВ Алфа и водител на политичката емисија “Заспиј ако можеш” Драган Милосављевиќ со коментар за последната изјава на бугарската министерка за надворешни работи Захариева.



“Доколку Македонија се согласи, Софија е подготвена да го признае македонскиот како еден од официјалните јазици на нејзиниот сосед, како и македонскиот идентитет”, потсетува БГНЕС. Ова е ставот на Бугарската згодна министерка Захариева.

Најблискиот народ, најдобрите пријатели на Македонците се подготвени да го признаат македонскиот јазик како ЕДЕН од официјалните јазици во Македонија. Ќе добијат благослов од Софија дека нивниот јазик е еден од многуте во Македонија ако прво прифатат дека се Бугари по потекло.

Ова не е перверзија. Ова е најгнасен генг-бенг, силување во мозок.

Ова е буквално како самоназначен очув да те убедува дека ти е роден татко и те силува ако не прифатиш. А ќе те силува и ако прифатиш. И на ова разни мрсулковци од плејадата новинарски и нво метузалеми реагираат со: па што има врска, ајде да стегнеме заби и да прифатиме”, пишува делумно со иронија делумно со крајна сериозност Милосављевиќ.