Милосављевиќ: Тричковски е знаменосец на десетина инсталирани квазиинтелектуалци

Во пост со наслов “Соочување со тричковистичката реалност” новинарот на Алфа ТВ Драган Милосављевиќ го анализира однесувањето на дел од јавноста низ призмата на последните написи на Бранко Тричковски кој смртта на Гоце Делчев ја прогласи за последица на љубовни игри а Даме Груев за алкохоличар.



Милосављевиќ не се меша во состојбите на главата на Тричковски но се чуди како е можно тој да биде идеолог на цела една група луѓе.

“Не гледам никаков проблем во тоа што Тричко рекол дека коњот треба да ја јава Рашела Мизрахи, а не обратно. Не сфаќам каде е маката и во тоа што тврди дека Гоце Делчев загинал качен врз некоја тетка, а Даме Груев начукан во извесна биртија.
Во неговата поматена глава тоа е реалноста.

Но што е со нашата реалност? Зарем не е повеќе од јасно дека идеите на Тричко се авангарда, дека тој е знаменосецот на цела една квазиинтелектуална екипа составена од неколку десетици нелуѓе, екипа инсталирана во сите најважни пори на општеството, екипа која сосема се согласува со неговите ставови?

И уште повеќе, а ова е најважното, нели е јасно дека идеите на Тричко истата оваа екипа успева да им ги вметне во главите на неколку стотици илјади луѓе кои гласаат за пораката дека коњот треба да ја јава Рашела, дека Гоце и Даме не биле никакви борци за слобода туку алкохоличари и курвари?

Соочувањето со реалноста на овој факт ќе им дојде добро и на обичните смртници, но и на разно-разните медиумски могули/могулици и уредничиња, потоа на таканаречените идеолози, а и на високите партиски функционери од другата страна на барикадите, кои конечно ќе треба да излезат од илузиите на минатиот век и ќе се соочат со новата, можеби грда, ама едноставна реалност на нашето време. И во согласност со таа реалност да бараат нови, покреативни решенија”, пишува Милосављевиќ кој е уредник и водител на една од најгледнсѕите македонски политички емисии” Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ.

Што напиша утрово Тричковски?

Тричковски: Гоце загинал на е*ење, Даме на пиење, коњот ќе ја јава Мизрахи