Милосављевиќ: СДСМ добива најмалку 4 гласа плус по последната пропагандна кампања

По пропагандната тактика која што ја спроведе СДСМ по лидерската средба Мицкоски – Ковачевски владејачката партија може да смета на најмалку 4 гласови од нивни жестоки поддржувачи, пишува еден од уредниците на емисијата Заспиј ако можеш, Драган Милосављевиќ.



Во ироничниот коментар на Милосављевиќ кој се однесува на пропагандата на Бихаќка дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прифатиле смена на уставот без услови, тој е сигурен дека луѓето кои важат за главни апологети на СДСМ ќе го дадат својот глас за Ковачевски и неговата партија.

,,По феноменалната тактика што ја спроведоа деновиве, мислам дека рејтингот на СДСМ само ќе расте. Покрај сигурните гласови на Тричко, Саше Поликлинико и џабиро-зокињата скроз сигурно ќе го добијат гласот и на проф Чупевска. Во некои екстремни околности дури и Неџад Јовановиќ ќе заокружи за нив. Што не е малку. Секоја чест”, пишува новинарот во својата саркастична забелешка.

Луѓето што ги споменува Милосављевиќ важат за жестоки критичари на ВМРО-ДПМНЕ кои ги оправдуваат речиси сите политики на СДСМ.