Новинарот на Алфа и емисијата Заспиј ако можеш со анализа на најновата контроверзна изјава на Заев.
“Шумите лесно се палат, а тешко се гасат!
Мисла на премиерот Заев. По храброто враќање од плажа во Грција, каде, можеби, жените тешко се палат, а во солена вода лесно се гасат.
Шопенхауер, Киркегор, Хегел и Ниче кои сигурно се во пеколот и таму запалени и неизгаснати се печат, со огромна веројатност би ги дале сите свои дела во замена за оваа уникатна мудрост.
Аристотел исто е запален ама со солзи се гаси самиот себеси од срам. А Платон безнадежно пати зошто во неговата совршена држава, на прво место не ставил токму вакви водачи!”, пишува со доза на сарказам новинарот.






