ВД шефот на бугарската дипломатија Николај Милков гледа обиди за подигнување на степенот на тензија меѓу Македонија и Бугарија по последната изјава на шефот на македонската држава Стево Пендаровски
„Нашата држава инсистира на еднакви права на Бугарите во РСМ со другите тамошни народи. Бугарија нема да прифати никаква формулација со која на македонските Бугари ќе им се додели статус кој на кој било начин е различен од оној на кој било од другите уставно признати делови на народите во Република Северна Македонија. Јас лично не мислам дека изјавите од ваков тип водат кон смирување на ситуацијата“, вели Милков за изјавата на македонскиот претседател, Стево Пендаровски, за барањето на Бугарија да биде дел од процесот на уставни измени е скандалозно.
Пендароивски: Барањето на Софија е скандалозно, такви барања упатуваат само окупатори
Министерот Милков повторно потсети дека Бугарија прва ја признав Македонија како независна држава.
„Македонските Бугари мора да добијат еднакви права“, нагласи и шефот на дипломатијата, кој се надева дека ќе престане со антибугарската реторика.
Во однос на изјавите на македонскиот претседател, министерот Милков потсети дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ е веќе „потпишано летото минатата година како обврска. Оттогаш нема акција“, пренесува Њуз.бг.
„Успешното завршување на таков процес ќе доведе до подигање на билатералните односи на квалитативно ново ниво“, рече Николај Милков, што ќе даде поттик за почеток на преговорите за нејзино членство во ЕУ.







