Република Македонија се обидува да не убеди дека има луди глави од двете страни на границата. Само што едни зборуваат, а други тепаат, изјави за БНТ министерот за надворешни работи Николај Милков.
Тој одново потсети дека францускиот предлог за членство на Македонијавклучува заштита на правата на Бугарите.
Милков вели дека е подготвен да и помогне на Македонија да ги отвори архивите на своите тајни служби и да ја расчисти својата историја.
„Нема да почнат преговори за членство на РСМ во ЕУ додека не ги вклучи Бугарите во Уставот“, рече тој.
Според него, има ескалација на непријателските дејствија од страна на РСМ. Тој се надева дека Националното собрание ќе усвои декларација за оваа тема.
Милков вели дека двете земји да се воздржат од провокации за прославата на 4 февруари во Скопје.







