Шефот на бугарската диполоматија Николај Милков вели дека поради заканите во оваа фаза, Христијан Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб во Охрид, и кој со владин авион беше пренесен во Софија откако беше натепан, нема да се врати во Македонија, туку ќе остане во Бугарија“.
Милков смета вели дека е очигледно дека нападот врз Христијан Пендиков бил само затоа што е Бугарин и уште оцени дека проблемот е во несоодветното постапување кон вакви дела во Македонија.
Во гостување на бТВ, Милков вели дека е потребна деескалација на односите со Македонија, но во исто време ја обвини зем,јава за антибугарска политика.
Тој повтори дека Македонија ќе мора да ги почитува правата на Бугарите оценувајќи дека институциите ги кршат тие права и не постапуваат кога се во прашање поплаките на Бугарите.
Toj побара безбедни и мирни услови за Бугарите на чествувањето на гробот на Гоце Делчев, за што денеска во Скопје ќе престојува и бугарскиот министер за внатрешни кој н а средба со македонскиот колега Оливер Споасовски ќе разговараат, меѓу другото, и на оваа тема.
„Во Скопје заминуваат министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев и директорот на Агенцијата за национална беазбедност, Пламен Тончев, кои ќе зборуваат за практичните чекори кои треба да се преземат, пред сѐ, за чествувањето на 4 февруари”, рече министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков.







