Милиони луѓе на улиците, лудило на навивачите во Буенос Аирес – фудбалските херои мораат да се пробијат со хеликоптери

Толку очекуваната аргентинска прослава на светската титула освоена во Катар денеска го доживува својот завршен чин, па иако претпоставките беа дека ќе има милиони навивачи на улиците во Буенос Аирес, она на што наидоа играчите и стручниот штаб на „гаучосите“ ги изненади сите безбедносни сили.



Тимскиот автобус на Аргентина тргна од седиштето на Федерацијата пред точно четири и пол часа, но за тој период, успеа да мине само 14 километри, пред да стане јасно дека ќе биде невозможно да се пробие толпата.

Првично беше променета рутата за да се стигне до главното место на кое е закажана прославата, но откако стана јасно дека не може да се оствари и вториот план, луѓето од Федерацијата побараа помош со летала.

Нетрпеливите аргентински фанови почнаа да прават глупости и од мостови да се фрлаат директно во тимскиот автобус, по што играчите беа евакуирани со неколку хеликоптери.

Тоа се покажа како единствен начин да се избегне неверојатниот хаос кој е настанат на улиците, на кои се проценува дека има нешто повеќе од 4 милиони аргентински фудбалски фанови.