Милиони Американци се наоружуваат

Минатата 2020 година, 39.695.000 луѓе во САД поднеле барање за набавка на оружје соопшти Федералното биро за истраги (ФБИ).



Според ФБИ, во 2019 година, 28 милиони луѓе поднеле барање за купување оружје во САД, а во 2018 година, истото барање било поднесено до надлежните служби од 26 милиони луѓе.

Аналитичарите сметаат дека граѓаните на САД се повеќе се одлучуваат да купуваат оружје поради подлабоките поделби во американското општество, пренесуваат медиуми.