Се проценува дека милион демонстранти маршираат низ центарот на Лондон, барајќи втор референдум за Брегзит, објавија организаторите на една од најголемите демонстрации што се одржале во Велика Британија.
Се оценува дека протестот ќе биде помасовен од оној во 2003 организиран против војната во Ирак.
Демонстрантите бараат нов референдум на кој би се изјасниле против излегување на Велика Британија од ЕУ.
Првиот референдум беше организиран во 2017 година, а Британија треба да ја напушти унијата до 29 март.
Демонстрантите се надминаа во инвентивноста на пораките на транспарентите со кои велат „не“ на „Брегзит“.









