Милион евра за тој што ќе ја урне дивоградбата пред „Мавровка“


Општина Чаир распиша тендер за избор на компанија која ќе треба да ја урне дивоградбата која „никна“ на местото од терасата на кафулето „Фонтана“ кај ТЦ Мавровка.



За сега никој од надлежните не знае кој е сопственикот на овој објект. МВР работи на обезбедување на сите докази и се преземаат активности за утврдување на идентитетот на вршителот на ова дело. Во текот на постапката, Обвинителството ќе ги издаде сите наредби и барања кои се потребни за обезбедување докази и утврдување на идентитетот на оној што ја изгради дивоградбата.

Тендерот со наслов „Работни активности за уривање на дивоградби“ е во износ од повеќе од еден милион денари а покрај за оваа дивоградба, избраната компанија ќе урива и други дивоградби, појаснуваат од општината.

Доколку непознатиот инвеститор сам го урне објектот кој е дивоградба своеволно и во рокот предвиден од 8 дена, општината нема да има потреба да го поништи тендерот кој е објавен денеска.