Компанијата „Евергрин“, чиј брод „Евер Гивен“ го запре сообраќајот преку Суецкиот канал ќе мора да плати една милијарди долари отштета на Египет.
Се проценува дека блокадата на Суецкиот канал дневно спречувала минување на товар вреден 9,8 милијарди долари.
Седум дена по блокирањето, бродот беше поместен, но сè уште не го напуштил каналот бидејќи Египетските власти бараат сопствениците не се есогласат да платат милијарда долари како компензација.
Надоместокот треба да ги покрие трошоците за употреба на опремата со која е отстранет бродот, за исплата на работната сила, како и предизвиканата штета. Египетските власти исто така започнале истрага за причината за инцидентот.






