Милески за пропагандата на власта: Комуњари, Грујче е мало дете за вас

Бизнисменот и активист Роберт Милески кој важи за критичар на секоја власт прави споредба меѓу пропагандата на дел од медиумите од времето на Груевски со сегашното владеење на СДСМ и пропагандата од медиумите блиски до нив.



Милески кој има свој софтверски бизнис во Германија објавува пост од порталот Центар кој плаќа односно спонзорира текст во кој се фали власта на СДСМ а се критикува ВМРО-ДПМНЕ.

,Вака отворена пропаганда директно финансирана од портали немаше ни за време Груја.. Комуњари, водите на секое негативно поле! Грујче е мало дете за вас”, пишува Милески коментирајќи го платениот пост на Центар за минималната плата.