Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер го игра најважниот натпревар во својата историја против Португалија. Селекторот на македонскиот национален тим, Благоја Милевски е свесен за тежината на овој натпревар.
„Ја победивме Италија, една од најдобрите репрезентации на светот, но нема да застанеме тука кога се наоѓаме на еден чекор до Светското првенство. Се наоѓаме на добар пат да потврдиме зошто сме меѓу 20. најдобри селекции во Европа – изјави Милевски.





