Милевски поднесува оставка, дали на министерското место доаѓа Пенов!?

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска се очекува да ја депонира својата оставка до Владата.



Милевски, лидер на ЛДП, вчера за МИА изјави дека се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер.

Новиот министер, според Милевски, нема да биде од редовите на пратениците.

„ Се исклучува можноста тоа да биде некој од пратениците“, изјави Милевски за МИА.

Милевски се повлекува – прво од министерската функција, додека партиската ќе ја извршува до следниот редовен конгрес што треба да се одржи до крајот на годинава.

Неофицијално, според ,,Фокус“, најсериозен кандидат за нов лидер на либералдемократите е потпретседателката Моника Зајковакоја е еден од двајцата пратеници на ЛДП.

Во конкуренција за нов министер од редовите на ЛДП, пак, според ,,Фокус“ се двајца кандидати, меѓу кои е и поранешниот лидер и градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.