Милевски: Нема да се гради регионална депонија во Битола!


Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, на Фејсбук вчераж ги демантираше  пишувањата во медиуми според кои регионалната депонија наводно ќе се гради во Битола, наместо во Дебарца.



„Морам да одговорам на шпекулацијата која се јави денес во битолската јавност, со цел вознемирување на граѓаните.

Разговарав со премиерот Заев и можам да ве уверам дека никаква регионална депонија од Југозападниот регион, Владата нема да гради во Битола.

Депонијата од Југозападниот регион мора да биде на територијата на тој регион.

Никаква депонија министерот за локална самоуправа, ниту Владата нема да носат во Битола и битолчани можат да бидат спокојни по тоа прашање“, напиша Милевски.