Милевски не оди на свадба на владиниот шеф со кој што е во коалициски брак

Три дена откако во Собранието ЛДП гласаше за опстанок на владата на Заев лидерот на партијата ЛДП Горан Милевски најавува дека нема да ја поддржи големата коалиција која што ја бара премиерот Заев.



“Ако си се сакаат, нека си се земат.
ЛДП на таква свадба нема да присуствува”, пишува Милевски на Фејсбук по понудата на Заев за голема коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Во средата двајца пратеници на ЛДП со своите гласови ја спасија владата на Заев.

Заев во понудата зборуваше дека Владата ќе ја состават СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и воопшто не ја спомена ЛДП и другите помали партии.