Милевска за одмаздата од СДСМ: Да бев држач на микрофон ќе преживеев, владата сака пропаганда а не професионално известување од Брисел

Дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска ги откри за причините за укинувањето на нејзината позиција во седиштето на ЕУ во Брисел.



Во интервју за Фокус Милевска раскажува што се случува во МИА и зошто владата со неа се пресметува преку укинување на дописничкото место на локација која е најважна за македонската евроинтеграција.

Милевска вели дека Владата преку МИА сака да ја спроведува својата пропаганда и дека е тргната по стапките на поранешната влада на Никола Груевски, а таа како професионален новинар никако не им одговарала.

Дел од интервјуто за Фокус:

ФОКУС: Кога ви соопштија дека го укинуваат дописничкото место од Брисел и кое беше образложението?

МИЛЕВСКА: Официјално ни соопштија две до три недели пред истекувањето на договорите. Како и да е, не ни оставија многу време. Ние знаевме, имаше најави дека ќе се крати буџетот. Тогаш и ССНМ имаше реакција дека кратењата не треба да се однесуваат на вработените.

Знаевме дека нешто ќе се случи, но не знаевме што точно. И во текот на декември дознавме дека се укинуваат три дописнички места: Атина, Брисел и Вашингтон.

ФОКУС: Кое е вашето мислење: што може да биде мотивот да укинување на дописничко место од Брисел?

МИЛЕВСКА: Јас сум уверена, немам никаква дилема дека да бев држач на микрофон на Владата, ќе бев поштедена. Немаше да има проблем ако ја играв таа игра на портпарол на Владата и препишувач на соопштенија. Како што и оваа Влада, како и претходната: сака од МИА да биде владино гласило, не сака професионално новинарство. Тоа за мене е апсолутно јасно. Не можеа само едно место да укинат, тоа ќе беше незаконски, па затоа ги укинаа сите.

Проблемите почнаа со мене во јули, со францускиот предлог и со Бугарија. Јас тогаш си ја работев работата, ги поставував прашањата коишто треба и за кои јавноста во Македонија бара одговори. Како тоа одеднаш тој предлог не беше прифатлив, па потоа стана прифатлив…

Тие прашања ги поставував и на прес конференција каде што беше и премиерот Ковачевски. Секако дека го кажав и своето мислење. Моите новинарски текстови останаа чисто неутрални, но јас имав мислење на социјалните мрежи и надвор од нив, кое не беше тајна. А, тоа е е дека и понатаму сметам дека францускиот предлог е неприфатлив.

Од тој момент започнаа напади од страна на власта. Тоа оди преку нивните тролови на социјалните мрежи, од некои фаци од типот на Никола Наумовски, коишто добиваат задача од штаб да дискредитираат. Апсолутно истата шема како во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа полека стана се позаострено, затоа што не успеаја да ме заплашат со нивните стандардни методи. Почнаа да ме бојкотираат, со тоа што секое доаѓање во Брисел, јас не бев повикувана на настаните, никаква комуникација, на блок ме стави цела Влада. Што на МИА и одговараше, бидејќи МИА не сака да поставувам прашања.

Целото интервју на овој ЛИНК