Дописничката на МИА од Брисел со свој коментар за вчерашниот напис на Ројтерс во кој се вели дека ЕУ веќе нема да дава гаранции за идно членство на шесте земји од Западен Балкан во Унијата:
„Текстот на Ројтерс излезе во момент кога Претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен шета по Балканот. Тоа не смее да се игнорира. Не се знае дали има некаков интерен документ но има теории.
Оптимизмот на министерот (османи) ми се допаѓа, но да не заборавиме дека Комисијата кажа дека самитот со Западен Балкан не е за проширување“, изјави за Утрински брифинг новинарката и дописничка за МИА од Брисел, Тања Милевска.






