Тања Милевска, дописничка на Македонската информативна агенција (МИА) од Брисел до крајот на 2022 година и укинувањето на дописништвото, сподели на Твитер дека и мајка ѝ останала без работа од Министерството за надворешни работи, со кое раководи Бујар Османи.
„Ме избркаа поради прашања за македонскиот јазик. СДС-шупаците сега и Бугарија ќе ја бранат, па макар тоа значело бришење на јазикот. А поради моите ставови за јазикот, и мајка ми беше избркана од работа од страна на Османи. Претпоставувам дека парите за косата ќе ги искористи сега“, твитна Милевска.






