Милески: Не им пречи лажго кловн премиер, поважен е Мицкоски

“Владиниот ФОКУС се надмина себеси, хаха! Тоа што имаме лажго кловн за премиер не им смета, поважно им е Мицкоски какви гафови правел. И ајде барем да беше гаф, туку тресат намерно глупости за да прават сдсовско-удбашки сензации”, пишува активистот и бизнисмен Роберт Милески во својата анализа за спинувањето и начинот на кој весникот и порталот Фокус известува за премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.



“Мицкоски рекол “а потоа ќе ги оддува „како киша око Крагуевца“ што би рекол оној закукулен замумулен политичар и ќе си ја врати државата каде што и е местото”.

Од оваа реченица јасно се гледа намерата да си игра мајтап со лажгото Заев, припишувајќи му нему вакви зелени. Ако Фокус не ги знаат, мене нека ме контактираат, јас имам глупопедија од Заевите глупости. Проблемот е што Фокус и компанија се исти како него закукулени и замумулени, и ќе дојде време кога ќе треба да бидат отребени како плевел.

Фокусовата интелигенција во движење заклучува: “Употребувајќи ја погрешно фразата „киша око Крагуевца“, Мицкоски изгледа направи уште еден гаф, откако се збуни на претпоследниот протест пред Владата, поради што мораше да биде бодрен од присутните за да продолжи со говорот. Потоа својот гаф го нарече „пех“, што е уствари лоша среќа.”

Само да ги информирам шупелките дека фразата “Пех” доаѓа од германски и точно е дека во превод значи лоша среќа, а во германски јазик се користи токму тогаш кога некој ќе направи грешка.

Инаку текстот ниту има автор, ниту бакрачи”, пишува Милески кој го критикува Фокус дека весникот објавува глупости без да ги потпишува текстовите во кои се критикува Мицкоски додека се молчи за гафовите на Заев.