Активистот Роберт Милевски кој е член на новоформираниот Македонски Национален Совет со реакција до кандидатот на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски во врска со неговата изјава дека трендот на иселување може да го запре членството во ЕУ и НАТО
“Стево, искрено од тебе не ни очекувам нешто паметно, бидејќи самиот си „човек флоскула“, многу сличен на еден мој бивш другар, а сега министер.
Тоа се виде и со твојата изјава ако пропаднел референдумот и ако се поделело Косово, прва колатерална штета ќе била Македонија, а ти и лажовот премиер убедувавте дека НАТО за нас значело тапија, сигурност и гаранција за нашите граници.
Но, затоа реков, од тебе не ни очекувам нешто паметно, ама искрено не ни очекувам да кинеш вакви зелени – иселувањето ќе се запрело со наш влез во НАТО и ЕУ.
Човеку, па на која бре планета живееш ти? Со што ли те ранат не ми е сфатливо!? Па на секој нормален човек му е јасно дека влезот во ЕУ енормно го забрзал процесот на иселување од државите!
Погледни што се случи со Полска, со Бугарија или што се случува со Хрватска! И тоа се факти.
Затоа, кога ќе лажете или кога ќе тресете зелени, кочете малку, не пие Македонецот нафта. Добро, можеби северџаните”, заклучува Милески кој смета дека бројот на емигрантите од Македонија ќе се зголемува со влезот во НАТО и ЕУ.




