Милеи: Фокландските острови се аргентински, а не британски!?

Хавиер Милеи, кој беше избран за претседател на Аргентина во неделата, рече дека е време да ги „врати“ Фокландските острови и дека Буенос Аирес има „ суверенитет над Островите за кој нема што да се преговара.



Тој вети дека ќе ги врати по „дипломатски канали“.

Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак експресно реагираше со тврдење дека прашањето за суверенитетот „е решено пред извесно време“.

Аргентина долго време тврди дека има суверенитет над островите, британска прекуморска територија во југозападниот Атлантски Океан.

Двете земји влегоа во војна за ова прашање откако аргентинските сили ги нападнаа островите во 1982 година, пишува Би-Би-Си.

Фокландите, познати во Аргентина како Малвини, се на речиси 13.000 километри од Обединетото Кралство и околу 500 километри од копното на Аргентина.

На референдумот во 2013 година, жителите на Фолкландските острови гласаа 99,8% да останат прекуморска територија на Обединетото Кралство.

Официјалниот портпарол на Риши Сунак најави дека британската влада ќе продолжи „проактивно да го брани правото на жителите на Фокландските острови на самоопределување“.