Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска донесе одлука со која мерката притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески се преиначува во мерка куќен притвор.
„Жалбата на М.Ј. се уважува, па мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор во траење од 30. Дена“, стои во соопштението од Судот.
За разлика од него, поранешниот министер за труд и социјала Спиро Ристовски останува во притвор во Шутка.
– Жалбата на С.Р. се одбива како неоснована, стои во соопштението на Судот.
Јанакиески и екс министерот за образование Спире Ристоски вчера беа нападнати во кругот на истражниот затвор „Шутка“, по што директорот Ѓоко Котевски најави оставка.
Тие беа претходно спроведени во притвор како осомничени организатори на упадот во Собранието на 27 април.





