Миле Јанакиевски обвинет во случајот „Топлик“ денеска беше спроведен во Суд со полициска придружба, откако тоа на претходното рочиште го побара судијата Осман Шабани



Тој на штаки и легнат во полициско возило бил семен од дома, соопшти неговиот адвокат Еленко Миланов за А1 Он.

Изминатите рочишта за случајот „Топлик“ беа одложени, бидејќи обвинетиот Јанакиевски, го скршил коленото. 

Во предметот, кој се однесува на продажбата на државно градежно земјиште во Сопиште за изградба на населбата Сончев град, Јанакиески тврди дека работел законски и не влијаел во работата на комисијата за јавно наддавање при продажбата на земјиштето.

Петтемина членови на таа комисија, исто така, седат на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба и овластувања.