Милчин: Забраната на руската култура е капитулација

Тие што денес ја забрануваат руската култура маршираат во стројот на Сталин и неговиот следбеник Путин. Од безумие или од неписменост, сеедно – вели професорот Владимир Милчин.



-Ќе ги забранат оние кои поради слободоумност биле прогонети во Сибир на каторга, во гулазите, во затворите Љубјанка и Бутирка, жртвите на НКВД и КГБ?!

Од Достоевски до Булгаков и Солженицин, од Пастернак до Мандељштам, Цветаева и Бродски, од Мејерхолд до Козинцев и Параџанов, од Чехов до Ердман…

Долг е списокот на руските и советските писатели, композитори, режисери, сликари кои не потклекнале пред самодржците.

Без нивните дела ќе капитулираме пред безумието и варварството на 21 век! – напиша Милчин на Фејсбук.