Милчин за рокот од Софија: Ултиматум се одбива зошто е еднаков на капитулација

Режисерот и поранешен извршен директор на Институтот „Отворено општество – Македонија“, Владимир Милчин, реагира за пораката од Софија дека Скопје има рок до петок да попушти, во спротивно – ништо од старт на преговорите со Европската унија годинава.