Режисерот Владимир Милчин реагира на изјавата на копретседателот од бугарска страна на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров, дека „Македонија мора да расчисти со југословенското минато, ако сака да оди напред“.
„А со кое свое минато расчистила Бугарија? Кога била со Хитлер? Кога била под Сталин? Расчистила така што забошотила. Ама трагите останале. Фотографии, записи, сеќавања… И забошотила за краткотрајната културна автономија во Пиринска Македонија пред фамозната Резолуција на ИБ-то. И за резултатите од пописите забошотуваат. Мачно е и да се слушаат и гледаат изјавите на уценувачите кои бараат капитулација од нас. Забораваат дека ова не е 1941 година“, порача некогашниот извршен директор на Институтот „Отворено општество – Македонија“, чиј татко Илија Милчин во
1947 и 1948 година бил уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во Благоевград, Пиринска Македонија.





