Милчин на Адеми: Како не ти е срам!

Професорот Владимир Милчин денеска жестоко реагираше на интервјуто за Радио Слободна Европа на министерот Едмонд Адеми според кој „хистеријата“ околу заштитата на охридскиот регион не ја прави владата.



Уште повеќе, Адеми вели дека на прсти од двете раце моат да се избројат обејтите кои се диви градби а повеќето биле, гаражи, огради помочни скали….

„Ние сме хистеризирале? Не, министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам? – напиша Милчин на својот Фејсбук профил.

Во изминативе денови Милчин во два наврати реагираше на настаните околу заштитата на Охридскиот регион и пуштањето во употреба на нелегално изграден објект.