Милчин до Плевнелиев: Бугарија го внесе Сталин во ЕУ

Режисерот Владимир Милчин реагира за изјавата на поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, кој не сакал со македонски влез во Европската унија да биле внесени Тито и Сталин и според кој „службите во Македонија се филијала на српските, а тие на руските“.



„Бугарија го внесе Сталин во ЕУ. По Резолуцијата на Информбирото 48-та Бугарија ја укина културната автономија на Пиринска Македонија. Потоа следеше бришењето на Македонците. Сталин беше хазјаин во земјите сателити на СССР, меѓу кои една од најревносните беше Бугарија. Условувањата и уцените нема да ја разубават меморијата ниту ќе наметнат амнезија“, коментира на Фејсбук поранешниот извршен директор на Институтот „Отворено општество – Македонија“.