Професорот, Владе Милчин, поранешен член на СДСМ и шеф на Фондацијата „Отворено општество“ , отворено прашува што да прави со наследството оставено од неговиот татко Илија, актер, но и даскал во Горна Џумаја, денешен Благоевград, во годините по Втората светска војна, со оглед дека протоколот Османи-Ахмети предвидува санкционирање на говор на омраза и во делот доколку се споменува постоење на македонско малцинство во Пиринска Македонија…



„Што да направам со програмчињава од Македонскиот театар во Горна Џумаја (Благоевград) што ми ги оставил татко ми?

Да ги чувам дома или да ги засолнам во сеф во некоја банка?

Како што тргнало, еден ден може да ми дојдат на врата полицајци задолжени за спроведување на заборавот наметнат под диктатот на капитулантите. Оние кои гласаа ЗА и оние кои вревеа, а не гласаа НЕ“.