Милчин: А Бугарија да ги запише Македонците во Уставот? И да не ја премолчува културната автономија во Пиринско

Театарскиот режисер Владимир Милчин, поранешен извршен директор на Институт „Отворено општество – Македонија“, му реплицира на новиот член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров, кому „не му се гледало како страшно“ Бугарите да влезат во македонскиот устав.



„А Бугарија да ги запише Македонците во својот устав? И да не ја премолчува културната автономија во Пиринска Македонија 1946-48, укината по Резолуцијата на ИБ. Не сме сите во Македонија заразени од амнезија!“, реагира Милчин.