Кандидатот на Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, кој се пласираше во вториот круг на изборите, синоќа најави дека ќе го победи Мило Ѓукановиќ.
Според проекциите на Центарот за мониторинг (ЦЕМИ), Мило Ѓукановиќ освоил 35,4 отсто од гласовите, а Јаков Милатовиќ 29,2 отсто.
ДПС на Ѓукановиќ објави дека нивниот кандидат освоил околу 36 отсто од гласовите или околу 120.000 гласови, а Милатовиќ 27 отсто.
Разликата е само 6% што може да биде риузично за Ѓукановиќ доколку другитер пет противкандидати ги повикаат своите симпатиузери да гласаат за Милатовиќ.
„Ова е победа за сите оние кои го носеа факелот на слободата 30 години, оние кои беа дискриминирани, чии деца заминаа во странство барајќи подобар живот, кои беа сиромашни. Ова е победа на порамноправна и поправедна Црна Гора“, тој кажа.
Тој им се заблагодари на сите партии и листи кои го поддржаа и истакна дека ова е „победа на цела Црна Гора, победа која ја чекаат бројни генерации“.
Според неговите зборови, тој на 2 април ќе го испрати Ѓукановиќ во политичка пензија.







