Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека ЕУ се однесува недозволиво кон Хрватска, наведувајќи го како пример „безобразното и скандалозно писмо“ на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, до хрватскиот шеф на дипломатијата и односи со ЕУ,Гордан Грлиќ Радман.
Милановиќ, не ја откри содржината на писмото, но навести дека тоа се однесува на барањето на Хрватска да учествува во мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина.
Милановиќ рече дека не сака да зборува за тоа порано за да не го загрози влезот на Хрватска во Шенген, со што „заврши хрватската историја“, бидејќи „сите крадци ќе можат да влезат во Хрватска без надзор, без гранична контрола“.
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жозеп Борел, испрати „скандалозен, груб, лажен, манипулативен, неточен“ одговор до Грлиќ Радман, вели Милановиќ.
„Тие не третираат како губитници, како глувослепи будали“
Милановиќ тврди дека Борел, „кој е хистеричен и се заканува“, во своето писмо „измислува резолуции на Советот за безбедност и одлуки на Европскиот совет“ за Хрватска да не учествува во Алтеа.
Во мисијата Алтеа учествуваат повеќе од илјада војници од дваесет земји, но не и Хрватска, на чие учество се противат бошњачките политичари и некои европски земји.
Претседателот побара Грлиќ Радман да го објави одговорот на Борел на писмото бидејќи тоа не е тајно, најавувајќи дека во спротивно ќе го стори тоа.
„Тоа треба да се извади на виделина за да се види како официјален Брисел се однесува кон хрватската врхушка“, нагласи Милановиќ.
„Па, анализирајте малку, гледате како централноевропската сила се обраќа на својата полноправна членка во однос на легитимно и пристојно барање да се однесува со нас како другите“, додаде тој, обраќајќи им се на новинарите.
Не третираат како обични, мизерни губитници“, заклучи Милановиќ.
Со нас се однесуваат како глувослепи будали. Им се извинувам на глувослепите што пред некој ден беа кај мене, тие не се будали“, изјави Милановиќ.






