Кандидатот на хрватските социјалдемократи, Зоран Милановиќ, води во првиот круг на претседателските избори во Хрватска, покажуваат излезната анкета на државната телевизија.
Веднаш по завршување на гласањето во 18:00 часот, беше објавено дека Милановиќ води со 29,6 проценти од гласовите, пшртед актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ од владејачката ХДЗ која освоила 26,4 проценти.
Независниот кандидат Мирослав Скоро е на третото место со 24,1 проценти.
Одзивот на денешното гласање беше повисок споредено со претседателските избори во 2014 година.
,




