Милановиќ: Ова што ѝ се прави на Македонија е влегување во интимен простор. Ќе се спротивставам на тоа

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ отворено застана на страна на Македонија во спорот со Бугарија, критикувајќи ја уцената со идентитетот за почеток на преговори со Европската унија.



„Македонија, која сега се вика Северна Македонија бидејќи така бараа од неа, се наоѓа во невозможна позиција. Условите што ѝ се поставени во една зрела фаза се однесуваат на содржините во некакви училишни учебници. И Словенија се обидуваше нам да ни поставува услови, имаше некој свој интерес – го разбрав тоа, сакаа да добијат нешто за себе и никогаш не чувствував дека сакаат да ни наштетат или да нè понижат. Беа упорни, понекогаш здодевни, но разговаравме. Ова што ѝ се прави на Македонија е влегување во интимен простор. Тоа не се прави и отворено ќе му се спротивставам на тоа. Бидејќи не може да се премине преку сè. Тоа е една порака што не ја упативме“, рече Милановиќ на заедничката прес-конференција со својот словенечки колега Борит Пахор по самитот на лидерите на Западен Балкан во Брдо кај Крањ.