Најавената посета на претседателот на Републиката Зоран Милановиќ на Босна и Херцеговина и одењето по повод 28-годишнината од хуманитарниот конвој „Белиот пат кон Нова Била и Босна Сребрена“ е откажана поради безбедносни причини, соопшти Кабинетот на претседателот, пренесе Индекс.хр.
Одлуката за откажување на посетата е врз основа на безбедносна проценка на надлежните институции на Република Хрватска, се додава во соопштението без други детали.
„Претседателот Милановиќ жали што нема да учествува на одбележувањето на овој важен настан“, се вели во соопштението од Кабинетот.






