Милановиќ ќе ја предложи Колинда за амбасадор

Новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ размислувал да ѝ понуди на досегашната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, амбасадорско место.



„Не е одговорна за никакви кривични дела, а беше и претседателка“ изјавил Милановивиќ за новинарите кои се распрашувале за неговите планови по освојување на претседателската функција.

Китаровиќ-Грабар веќе еднаш ја извршуваше амбасадорската функција – во 2008 кога беше избрана за амбасадорка на Република Хрватска во Соединетите Американски Држави.