По обработени повеќе од 90 отсто од избирачките места, стана јасно дека кандидатот на СДП, Зоран Милановиќ и актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ одат во вториот круг од претседателските избори во Хрватска.
Милановиќ освои 29,55 проценти од гласовите, а Колинда Грабар-Китаровиќ 26,65 проценти.
Како трет заврши независниот кандидат Мирослав Шкоро со освоени 24,45 отсто од гласовите.
Вториот круг ќе се одржи на 5-ти јануари.





