Претседателот на Републиката Зоран Милановиќ реагираше на изјавата на финскиот министер за надворешни работи, кој рече дека се шокирани од изјавите на Милановиќ кој е против проширување на НАТО со Финска и Шведска додека не се промени изборниот модел во Босна….



„ Добредојде во клубот! И ние сме шокирани од вашето игнорирање и безобразлук. Ако навистина го рече тоа. Во шок сме што со години ги боли ‘некоја ствар’ за нас, изјави Милановиќ на средба со новинарите, пренесе Слободна далмација.

За проширувањето на НАТО Милаовиќ вели дека тој и премиерот Андреј Пленковиќ треба да бидат обединети.

„Тогаш ќе не сфатат сериозно, изјави Милановиќ, пренесува N1.

„Немам избор, морам да се борам за основните права на Хрватите во БиХ“, изјави претседателот Милановиќ.