На сите христијански верници им го честитам Божиќ. И од се срце на сите во Хрватска им посакувам среќни празници. Поминете ги во кругот на семејството и блиските, со надеж и верба во добрината на другите, им посака хрватскиот пртетседџател оран Милановиќ на своите сограѓани, нои и ги посоветува:.
Хрватските успеси за кои слушаме – влез во еврозоната и Шенген зоната – не можат да ги покријат проблемите и грижите на хрватскиот народ. Колку и да изгледа залудно понекогаш, да не се откажуваме да бараме решенија за проблемите кои ни пречат и ни го ограничуваат напредокот.
Ако ние како општество и нација бевме собрани во заедничка сила како на крајот на оваа година – навивајќи за нашата голема фудбалска репрезентација – навистина не знам каде ќе ни беше крајот. Ајде да го пренесеме тој огнен набој во следната година!
Среќен Божиќ и Нова Година“, стои во честитката на Зоран Милановиќ.






