Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, смета дека собранискиот спикер Талат Џафери заслужува затвор наместо орденот „Јарослав Мудриот“ што му го додели неговиот колега од Украина, Руслан Стефанчук, за „исклучителни лични заслуги за украинската држава“.
„Потсетување дека Џафери како припадник на вооружените сили на Македонија во 2001 година дезертираше од својата позиција во армијата и се приклучи на терористичката ОНА и се бореше против сопствената држава. Тој не заслужува награди – тој заслужува затвор и многу повеќе“, коментира Мико од Тусон, Аризона.






