Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, врз основа на профилот на Твитер на Артан Груби прашува која влада ја претставува првиот вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, иако се чини дека токму тој ја води таа на Македонија.



„Бидејќи Артан Груби се чини дека ја води владата на Македонија, еве слика од неговиот профил на Твитер. Не може да се каже од која влада е тој (вметнете долг наслов). На САД? На Албанија? Нешто друго? Во секој случај, тој демонстрира дека е незрел, не се грижи за Македонија итн.“, ја коментира Мико профилната фотографија на Груби, на која, покрај грбот на ДУИ, се забележуваат американското и албанското знаме, но не и македонското.