Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, го коментира присуството на знамето на Албанија на секој чекор при посетата на косовската претседателка Вјоса Османи на Тетово.
„Сето ова еден ден ќе заврши со солзи. Таканаречениот додаток на ОРД (Охридски рамковен договор – н.з.) за слободно веење на знамето на Република Албанија во јавните институции во #Македонија беше и останува погрешен. Ако Албанците сакаат да го летаат својот ‘симбол’ во македонските институции, тој мора да се редизајнира“, реагира Мико под објавата на Османи на Твитер за својата посета на Тетово: „За време на мојата посета на Тетово се потсетив на уникатната врска меѓу неговите граѓани и Косово. Благодарна што го добивме клучот на градот од градоначалникот Билал Касами. Заедно се согласивме да ја прошириме нашата соработка и да продолжиме да ги негуваме нашите силни врски“.





