Мико: Со Груевски дефокусираат од отстапките кон Бугарија и Грција

Џејсон Мико, поранешен почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, смета дека со случајот со бегството на експремиерот Никола Груевски во Унгарија се врши дефокусирање од концесиите на македонската Влада кон Бугарија и Грција.



„Прашањето со бившиот премиер Груевски е одвлекување (на вниманието – н.з.) бидејќи во меѓувреме Владата на Македонија се согласува да ги промени прирачниците, учебниците, наставните водичи, атласите итн. заради Бугарија – почекајте само додека Грција ги достави своите барања. Тоа и, секако, промената на името“, напиша Мико на својот профил на Твитер.