Џејсон Мико, поранешен почесен конзул на Македонија во американскиот град Туксон во Аризона, им упати поддршка на учесниците во протестите против францускиот предлог за бугаризација на Македонија и на македонскиот народ.
„Посакувам да сум во Македонија со моите пријатели и семејството, кои протестираат против неправдата со француско-бугарскиот-ЕУ диктат и квислиншката македонска влада. Засега, Македонија ја носам со мене, тука во црвенокарпестата земја Аризона. Запомнете, има само еден начин да заврши ова: Македонците победуваат, а губат оние поединци и институции кои сакаат да ги избришат македонскиот идентитет и јазик“, порача преку социјалните мрежи американскиот борец за македонските правдини.





