Мико открива скандали, власта молчи за стотици удари врз македонскиот идентитет

Американскиот консултант и вљубеник во Македонија Џејсон Мико открива стотици примери во кои се урива македонскиот идентитет а владата иако е обврзана да реагира молчи.



Последниот пример кој Мико го објавува деновиве содржи 13 примери само во една статија каде што Македонците – и се што е македонско – погрешно се нарекува „Северномакедонско“.

,,Срамно, неуко, погрешно, често направено со злоба однапред планирани”, пишува Мико користејќи го хаштагот #Македонија.

На дадениот линк Мико ги објавува сите примери каде македонското и сите придавки се погрешно употребени како северномакедонски.

Според владина одлука и издаденото упатство од страна на МНР владата во Скопје треба реагира на секое нарекување на Македонците како северномакедонци или друга погрешна употреба на зборот северна но за овие скандали молчат и претседателот Пендаровски и владата на Ковачевски и Османи.