Џејсон Мико, поранешен почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, со коментар на Твитер за почетокот на примената на членот 8 од Преспански договор за забрана на употребата на знамето со сонцето од Кутлеш на јавни места во Македонија.
„Сегашната Влада на #Македонија, која ќе падне наскоро, никогаш нема да може да го исполни тоа од најразлични причини, а новата влада ќе го игнорира. Симболот се наоѓа на работи ископани од под земја и во културни артефакти, кои датираат од пред (постоењето на) земјата, низ цела Македонија“, твитна Мико како реакција на насловот од грчкиот весник „Катимерини“ – „Северна Македонија го забрани Сонцето од Вергина на јавни простори“.






