Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, реагира на објаснувањето на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за фотографирањето пред грбот на ОНА.
„Шекеринска вели дека 2001 е ‘далеку зад нас’. Кажете им го тоа на семејствата на:
убиените 15 македонски полицајци, 150 повредени
убиените 43 македонски припадници на Армијата, 119 повредени
убиените 10 цивили, 75 повредени
нападнатите и малтретирани 20 цивили, исчезнати 20
и на стотици илјади Македонци негативно погодени од ова’“, коментира Мико на Фејсбук.




